Советот на општина Росоман вчера ја почна 45 та редовна седница. Советниците требаше да расправаат по шест точки од дневниот ред, но вчера беше изгласана само првата точка. Помина извештајот на комисијата за урбанизам и комунално уредување. За него од говорница зборуваше претседателот, советникот Јованче Јошев. Усвоени беа предлог заклучоците по основ на поднесените барања, но дискусија предизвика одлуката за намена на финансиски средства од грандот доделен на општина Росоман.
Општина Росоман успешно го спроведе и реализира проектот за водоснабдителниот систем односно резервоарот за Лукар. Како награда за тоа добивме гранд кој треба паметно и наменски да го искористиме. Тој е во висина од 855 000 денари и мој предлог е средствата да ги намениме или за реконструкција на централното подрачје во Росоман или да ги додадеме во вкупниот буџет за изградба на патот Росоман Сирково, рече од говорница градоначалникот Стојанче Лазов. Неговиот предлог за намена на грандот во изградбата на патот за Сирково го подржа советникот Јовица Стошиќ. Во истото се сложи и Ристо Јошев, но предложи и доколку има можност грандот да биде искористен за базент за вода во село Дебриште.
Од говорница сомнежи за изградбата на локалниот пат Росоман Сирково и потенцијална висока сума за истиот потрошена во две етапи изнесе советникот Атанас Стојанов, додавајќи дека општината сака да се задолжува.Овој локален пат е голем приоритетен проект за кој тендерот е распишан, сумата обезбедена и не постои никакво задолжување . За среќа сме една од ретките општини кој може да се пофали со стабилен буџет и никакви долгови. Повикајте ревизија, но не зборувајте на памет пред граѓаните. Долговите кој ги наследив како градоначалник одамна се исплатени, а нашето домаќинско работење покажува успешна општина со раст на буџетот, чисти сметки и без долгови, функционирама стабилно му одговори градоначалникот Лазов.За советникот Јованче Јошев паметно е парите од грандот да се искористат за реконструкција на домот на културата. За таа намена веќе се одобрени средства во висина од 500 000 евра.
Аплициравме за истите преку проект за меѓугранична соработка со Грција и од нивна страна е веќе одобрено се. Проектот е оценет со високи бодови, одобрен, но се чека на постапката во нашите надлежни министерства, затоа парите би било убаво да се искористат на друго место, појасни градоначалникот. Предлог даде и советничката Јулијана Трикиќ Александрова.Според неа ако има можности добро е да се направи анализа дали парите би биле доволни да се наменат во проширување или друга локација за градските гробишта.Потребен е урбанисктички план за таа намена, а тој во моментот сеуште не е готов.Врз основа на постоечкиот не можеме ништо да превземеме, немоќни сме, одговори Лазов.Патот за Сирково и без овие пари ќе биде исграден, добро е да си искористат за друго рече на говорница советникот Спасе Ристовски, по што предлогот грандот од 855 000 денари да биде искористен з ауредување на централното подрачје во Росоман беше ставен на гласање и усвоен со 6 гласа за и 2 воздржани. По ова седницата беше прекината и презакажана за следната недела. Бидејќи истата поради претходно организирано предавање доцнеше речиси два часа советниците бараа одложување со образложение дека имаат обврски.
Милица Младенова

Додади коментар