45 кавадарчани казнети поради не носење на заштитна маска
05-10-2020 РЕГИОН
Како се зголемува бројот на нови позитивни со корона вирус, така се помалку се носат заштитни маски. Од СВР Велес денеска информираа дека изминатиот викенд изречени се повеќе казни поради не почитување на оваа превентивна мерка.
Во Кавадарци казнети се 45 граѓани, а во Неготино 41. Во земјава пак, само изминатото деноноќие изречени се вкупно 750 казни.
Надлежните институции апелираат до граѓаните, за да го заштитат своето и здравјето на останатите задолжително да носат заштитни маски, во спротивно ќе се соочуваат со казни.
А.Д

Додади коментар