Триста и петнаесет деца од повеќе градови во Република Македонија денеска заминаа на бесплатен летен одмор во рамки на проектот на Владата на Република Македонија „Бесплатен летен одмор и рекреација за деца од семејства со социјален ризик и корисници на социјална помош“.На седум дневно летување денес замина и првата група дечиња од Кавадарци.Вкупно 45 деца согласно потребите со придружник, а останатите со волонтери на Црвен Крст Кавадарци. Утрово групата ја испратија вработените од центарот за социјални работи, а според бројот на апликации сигурно во проектот ќе земеме учество со 4 групи информира директорката Вања Маневска.
На Пелистер утрово замина и првата група дечиња од Неготино.Вкупно 24 на број видно возбудени му се радуваа на патувањето, летото и одморот на кој заминуваат.Дечињата кој денес отпатуваа на летување се на возраст од 5 до 8 одделение и ги исполнуваат сите услови кој беа потребни за апликација меѓу кои и да се редовни ученици.Со нив заминаа и двајца волонтери од општинската организација на црвен крст Неготино кој ќе бидат како ментори одговорни за групата, а лицата со посебни потреби според законот имаат и право на придружба од родител ни рече денес директорката на Центарот за социјални работи Неготино, Роза Јаневска. Таа очекува до крајот на денешниот ден до кога е и рокот за пријавување за бесплатно летување да се сумираат и останатите резултати па да се добие и бројка според која ќе бидат формирани и групите за следните две летувања.Денешната група се враќа на 1 јули.Целиот проект опфаќа низа активности од најразличен карактер: воспитно обреазовни активности, спортско рекреативни и културно забавни активности, кои што на овие дечиња ќе им ги исполнат деновите со најразлични активности и ќе може да поминат време во забава и спорт и рекреација.
Според министерството за труд и социјална политика проектот продолжува и понатаму па според истиот и во наредните два месеци на секои седум дена ќе бидат испраќани нови групи на дечиња.Информациите на министерството велат дека вкупно 2.000 деца од семејства во социјален ризик и приматели на социјална помош летово ќе заминат на бесплатен летен одмор, а во текот на зимскиот период околу 1.000 дечиња ќе заминат на бесплатен зимски одмор.
М.М
Додади коментар