44 милиони денари за комунална изградба во Кавадарци
08-01-2015 РЕГИОН

                Во тековната 2015 година согласно  Програмата за  уредување на градежно земјиште на просторот на општина  Кавадарци за изградба на улици, реконструкција на постоечки улици и други објекти по  урбаните  заедници предвидено е да се потрошат вкупно 44 150 000 денари додека за селските месни заедници  Марена , Сопот, Дреново, Возарци, Шивец, Бегниште, Куманичево, Горна Бошава, Чемерско,Рожден, Раец и Ќесендре, Ресава, Галиште, Божула, Радња, Крњево и Страгово вкупно  10 150 000 денари. 

 

                За Урбаните заедници во Кавадарци  најмногу средства  6 650 000 денари предвидени се за УЗ „Страшо Пинџур“ со кои ќе се асфалтираат улиците „Домовица“ и „Дисанска“, ќе се гради потпорен зид на улиците „25 Мај“ и „Глигор Прличев“ додека  на улицата „Рајко Жинзифов“ треба да биде асфалтирана и поплочен тротоарот како и тротоарот на улицата „Димката Габерот“  од улицата „Видое Смилевски“ до пешачкиот мост. 6 100 000 денари се предвидени да се потрошат за  улиците на УЗ „Кула“  каде ќе се реконструираат улиците: „Цано Поп Ристов“, „Партизанска“  од старото музичко до улицата „Максим Горки“, Орце Николов“ од улицата „Охридска“ до Билевар „Македонија“  и улицата „Блажо Алексов“ до улицата „7- ми Септември“ ќе бидат поплочени две споредни улици и еден паркинг а улицата „орце Николов“ треба да биде асфалтирана. 

 

По околу 4 милиони денари се предвидени да се потрошат за урбаните заедници  „Киро Крстев“, „Слога“,  и „Љубаш“ . Во „Ќиро Крстев“ на пример  се предвидува  пробивање тампонирање и прочистителна станица на Калнички дол на улицата „Методија Џунов Џикот“  потоа реконструкција на улицата „7-ми Спетември од Јаворот до Партизан и поплочување на крак од улицата „Брушанска“ . Во УЗ „Слога“ се планира асфалтирање на улиците „Праведничка“ и „Страшо Пинџур“  вклучувајќи гои паркингот кај поштата , изградба на пешачка патека на „Желков дол“ и поплочување на улицата „11 Бригада“. Тротоарите на улиците „Моша Пијаде“ и „Пано Мударов“ во УЗ „Љубаш“ ќе бидат поплочени,  нов асфалт ќе добијат улиците „4-ти Јули“  од Улицата „Илкинденска“ до улицата „Љубашка“, предвидено е пробивање на улицата „Моша Пијаде“ кај новиот кружен тек и спојување на улиците „Цветан Димов“ и Булеварот „македонија“ со цвеќарници.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар