400 илјади жени во Македонија немаат матичен гинеколог
27-03-2014 РЕГИОН

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСЕТУВААТ ГИНЕКОЛОГ.. ОВА ГО УТВРДИЛО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ.. ПОСЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА НАД 400 ИЛЈАДИ ЖЕНИ ВО ДРЖАВАТА НЕМААТ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ.. ОД ЕСНАФСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ПРОБЛЕМОТ ГО ЛОЦИРААТ ВО МАЛИОТ БРОЈ ГИНЕКОЛОЗИ ВО ЗЕМЈАТА.. ПОРАДИ ОВА СМЕТААТ ДЕКА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ МОРА ДА НАПРАВАТ СТРАТЕГИЈА КАКО ОВИЕ ЛЕКАРИ ДА СТАНАТ ПОДОСТАПНИ ДО ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА..

 

СПОРЕД СЕГАШНАТА СОСТОЈБА, ЕДЕН МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ ИМА ОД 5 ДО 8 ИЛЈАДИ ПАЦИЕНТКИ.. ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ ВЕЛАТ ДЕКА БРОЈОТ Е ОГРОМЕН ПА ЧЕСТО ЛЕКАРОТ НЕМА ДОВОЛНО ВРЕМЕ ЗА ДА СПРОВЕДЕ КВАЛИТЕТЕН ПРЕГЛЕД.. ПОРАДИ ОВА СЕ НАМАЛУВА И КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГАТА..

 

ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЖЕНИ КОИ НЕМААТ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ НЕОПХОДНИ СЕ КАЗНИ, СМЕТААТ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ.. ВЕЛАТ ДЕКА ТАКА ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ А ЌЕ СЕ НАМАЛАТ И ТРОШОЦИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ..

 

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА УШТЕ ПРЕД 17 ГОДИНИ ОДЛУЧИЈА ДЕКА СЕКОЈА ЖЕНА Е ПОТРЕБНО ДА ИЗБЕРЕ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ.. ОВА ПРАВО ГО ИМААТ И ДЕВОЈЧИЊАТА СО НАПОЛНЕТИ 12 ГОДИНИ.

З.Ј



Share

Додади коментар