4 портрети во масло на платно на историски важни личности ќе го красат фоајето во општинската зграда
17-06-2015 РЕГИОН
Заради одбележување и оддавање почит на истакнати личности од историјата на Кавадарци ќе се изработат четири портрети во масло на платно на истакнати личности од историјата на Кавадарци, одлучи на последната седница советот на општина Кавадарци.
Како што се наведува во одлуката, уметничкото дело според опис и содржина ќе го определи одборот за подигање на спомен обележјето, а четирите портери ќе бидат посравени во фоајето на зградата на општина Кавадарци.
Деветчелниот одбор кој состави советот има за цел да распише јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележјето за кое понатаму ќе се грижи со сопствени средства локалната самоуправа Кавадарци.
A.Д

Додади коментар