4 милиони денари за одржување на локални патишта во општина Кавадарци
22-02-2016 РЕГИОН

Со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта во општина Кавадарци за 2016 година опфатено е тековното одржување на локалните улици и патишта, крпење на ударни дупки и одржување на улици во зимски услови.

 

Со реализација на оваа програма општината очекува значително да се подобри состојбата и квалитетот на сообраќајниците, а со тоа и безбедноста на корисниците на сообраќајот.

 

Во програмата  е предвидено 4 милиони денари да се потрошат за зимско одржување на улиците и локалните патишта, додека три милиони се планирани за крпење на ударни дупки.

 

Парите во општинскиот буџет ќе се слеат од  Јавното претпријатие за државни патишта. 

А.Д



Share

Додади коментар