Превземени се санкции кон винарските визби кои не го испочитуваа рокот да го исплатат грозјето на лозарите согласно законскиот рок до 30 април оваа година. Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски соопшти дека 4 винарии останаа без лиценци.
-„Во интерес на заштита на правата на лозарите ние и го донесовме законот за лозарство и винарство каде точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат тие договори.Нема попуст за никој, сите оние кои ќе работат против законот и кои нема во одреден временски период согласно законот да ги исплатат средствата кон лозарите ќе има санкции кон сите нив. Во овој момент 4 винарии се избришани од регитерот во министерството за земјоделство а против една винарија односно одговорното лице покрената е и кривична пријава за давање на лажна изјава или нотарски акт кој го достави до институциите и тврдеше дека ги има регулирано сите давачки кон лозарите“, рече Коњановски.
Тој повтори дека нема да има попуст за никој што не го почитува законот се со цел да се воспостави правична форма на заеднички интерес меѓу лозарите и винарите.
Општина Неготино ќе го развива не само винскиот туку и руралниот туризам и очекува во иднина од надлежните институции да ја поедностават постапката за изградба на винарии а со тоа и доаѓање на повеќе туристи, рече градоначалникот Ванчо Апостолов.
Билјана Наумова-Тошевски
Додади коментар