39-та седница на советот на општина Неготино
31-08-2016 РЕГИОН

Вчера Советот на општина Неготино ја одржа редовната 39 седница со вкупно 15 точки на дневен ред. Најмногу внимание предизвикаа првите три точки од дневниот ред а тоа беа барањата од средните и основни училишта за формирање на паралелки со помал број ученици.

 

За советниците од опозицијата ова е долгорочен проблем и не се решава ништо на подолги патеки со усвојување и одобрување на овие предлози. Советниците од партијата на власт појаснија дека годината во која е родена оваа генерација уценици – особено идни средношколци е година со најмал наталитет во општината и тоа го лоцирале како најголем проблем. Сепак барањата поминаа со 7 гласа за и 4 односно 2  против.

 

Потоа советниците ја усвоија предлог програмата за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2016 год., предлог одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка локална урбанистичка планска документација за изградба на стопански објект на КП 3166/1 и КП 3172 КО Тремник, како и предлог програмата изменување и дополнување на програмата за комунални дејности и уредување градежно земјиште на просторот на општина Неготино во 2016 г.

Едногласно беа прифатени – предлог одлуката за ослободување од плаќање комунална такса за користење и одржување јавно осветлување за имателите на електричните броила во населено место Горни Дисан , предлог заклучокот по однос на исполнување урбанистичките услови за вршење на дејност складирање на секундарни суровини , третман на искористени гуми и третман на искористени возила , потоа предлог одлуката за усвојување на извештајот за утврдување и проценка на штетите од елементарните непогоди – ниски температури од периодот март- април и поплави од август 2016 г.

 

Претседателите на комисиите во детали ја образложија постапката и потенцираа дека кај измрзнувањата најмногу настрадале локалитетите во селата Пепелиште и Криволак каде најмногу се оштетени лозовите насади и особено овошките а вкупната сума предложена за обештетување изнесува нешто повеке од 34 милиони денари. Советниците ја усвоија предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Неготино за 2016.

 

 Беа усвоени едногласно и неколку предлог решенија за доделување парична помош поради елементарна непогода пожар,за разрешување и именување на 3 члена на училишниот одбор на ОСУ Св Кирил и Методиј и 1 член на УО на ЈП КОмуналец Неготѕино.  Со три гласа против помина и решението за доделување на финансиска помош на приватни лица.

 

Мики Виденовиќ



Share

Додади коментар