38 седница на советот на општина Кавадарци: Почнува постапка за изградба на зелен пазар
11-02-2020 РЕГИОН

Едногласно советот на општина Кавадарци, денеска во рамки на 38-та седница донесе одлука за отпочнување на постапка за реализација на капитален проект, изградба на зелен пазар во Кавадарци. Советот даде согласност за задолжување на општината пред Светска банка со кое би се реализирал овој проект.

 

Градоначалникот Митко Јанчев во својата дискусија посочи дека Кавадарци ќе добие современ зелен пазар со простор за паркирање. Изградбата би отпочнала најрано во јуни – јули , а најдоцна во септември.

 

Советниците едногласно го усвоија и кварталниот извештај за извршување на буџетот во четвртиот квартал од 2019 година. Беше донесена одлука за прием на донација од компанијата „Јан Бор“ која ќе и биде предадена на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Едногласно советот на денешната седница даде согласност за задолжување на ЈП Комуналец за изградба на пета мини хидроцентрала, а се усвои и годишниот план за инвестиции во тековната година во ЈП Паркинг. Исто така во рамки на денешната седница беше донесена одлука за измени и дополнување на основниот проект за зонско паркирање со јавни површини предвидени за паркирање и одлука за утврдување на изгледот на фасади на улица „Илинденска.

А.Д



Share

Додади коментар