38 оздравени, 21 нов случај на Ковид 19
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти.
 
 
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:
 
- Скопје 7
- Куманово 6
- Прилеп 4
- Тетово 1
- Пехчево 1
- Делчево 1
- Струга 1
 
 
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.
 
 
По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.
 
 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.


Share

Додади коментар