37-ма седница на советот на општина Неготино
30-06-2016 РЕГИОН

Советот на општина Неготино  ја одржа својата 37 редовна седница. На оваа 37 редовна седница се најдоа 7 точки на дневниот ред кој беше усвоен со 9 гласови за и 3 воздржани. Советникот на СДСМ Диме Витанов истакна забелешка во име на целата советничка група на СДСМ во врска со начинот на свикувањето на синоќешната седница.

 

Со 9 гласови за, 2 против и без расправа беа донесени точките кои се однесуваа на одлуката за отпочнување на активностите за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино од сите ризици и опасности. Предлог-одлука за давање согласност за времено користење на дел од објектот на ул. „ Маршал Тито “ во Неготино на Здружение ловечко друштво Вардар и отпочнување постапка за изградба на простории за потребите на ова Здружение.

 

Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Криволак и програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на рсполагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на Неготино за 2016 година. Едногласно со 11 гласови за и без расправа беа донесени точките кои се однесуваа на решенијата за доделување на еднократна парична помош поради елементарна непогода пожар, еднократна парична помош и финансиска помош.

 

Маја Алексовска



Share

Додади коментар