36 позитивни во Тиквешијата - еден починат
10-12-2020 РЕГИОН

Двајца здравствени работници од Кавадарци и негувателка од градинка во Кавадарци се меѓу позитивните на корона вирус во изминатите 24 часа.

Во статистиката на центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентираат 36 нови ковид случаи во тиквешкиот регион. Од нив во Кавадарци се 24, два во Росоман, седум во Неготино и три во Демир Капија.

 

„Новите позитивни се на возраст од 19 до 81 година. Поради позитивна негувателка во кавадаречка градинка во изолација се 12 деца и по една негувателка и воспитувачка. Има и едно починато лице од Кавадарци на 64 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Во текот на вчерашниот ден на ковид одделот во болницата во Кавадарци се примени уште тројца пациетни. Таму во моментов се хоспитализирани вкупно 54 пациенти, а има слободни 6 болнички кревети.

 

Во Кавадарци од вкупно  1536, активни се 584 случаи, а во Неготино од 758, активни 363 ковид позитивни.

 

А.Д



Share

Додади коментар