36 оздравени - 26 нови случаи на Ковид 19
Денеска регистрирани се 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април - информира министерот за здравство.
 
 
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови:
 
- Скопје 11
- Куманово 2
- Тетово 3
- Струга 6
- Битола 1
- Гостивар 1
- Виница 1
- Неготино 1
 
 
Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Како што информиравме вчера, во Демир Капија позитивни на вирусот се двајца сопружницаи. Во  вчерашната статистиката беше влезен само сопругот, а денеска и неговата сопруга.
 
 
  Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.
 
 
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.


Share

Додади коментар