Полека се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци, рекоа денеска од Центарот за јавно здравје. Од почетокот на сезоната до сега, регистрирани се 36 лица со симптоми на грип.
Споредено со истиот период од минатата година бројот на заболени е идентичен, рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог.
Тој нагласува дека временските услови одат во прилог на побрзо ширење на грипот, а сите досега заболени биле од сезонскиот тип на грип.
„Бројот на пријавени случаи на грип или заболувања слични на грип во Македонија бележи континуиран пораст и се очекува овој тренд на активноста на вирусот на грип да се одржува во наредниот период“ рече д-р Јовановски.
Матичните лекари очекуваат бројот постепено да се зголемува за време на претстојните божиќни празници кога поголем е бројот на луѓе во затворен простор. Затоа тие апелираат редовно да се проветруваат просториите, да се мијат рацете и да се внимава на исхраната. Да се внесуваат повеќе витамини преку овошје.
A.Д
Додади коментар