Едно лице од Кавадарци на 71 годишна возраст починало во изминатите 24 часа, поради компликации од Ковид 19, а во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци се бележат 35 нови позитивни на вирусот.
Во Кавадарци има 13 нови случаи, еден во Росоман, 20 во Неготино и еден во Демир Капија. Новите позитивни се на возраст од 9 до 76 години.
„Во тек на вчерашниот ден во ковид центарот се сместени 44 пациенти во стабилна општа состојба. Има слободни 16 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Од почетокот на пандемијата во Кавадарци има вкупно 1452 позитивни на вирусот, а во моментов активни 584 случаи. Во Неготино вкупно 708, активни 375 (103 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија.
А.Д

Додади коментар