Честите промени на времето значително го помагаат ширењето на вирусот на грип. Бројот на болни од ова вирусно заболување во Кавадарци и Росоман продолжува да се зголемува и оваа сезона се регистрирани 1167 грипозни лица.
„Изминатата недела во Центарот за јавно здравје во Кавадарци регистриравме 347 заболени од грип. Во истиот период минатата година имавме евидентирано 287 лица што имале грип . Значи годинава имаме околу четирипати повеќе заболени“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Ова бројка не е конечна бидејќи грипозните лица се лекуваат и во домашни услови без да побараат лекарска помош и тие лица не се регистрираат во вкупниот број на заболени. Но сепак, како што нагласува д-р Јовановски нема потреба од паника бидејќи имало сезони кога бројот во овој период бил неколку пати поголем. За споредба во сезоната 2013-2014 имало во овој период над 2400 грипозни лица.
А.Д

Додади коментар