33 нови позитивни - еден починат
11-12-2020 РЕГИОН

Еден пациент на 57 годишна возраст од Кавадарци ја загубил битката со корона вирусот на скопските клиники, а денеска во статистиката на кавадаречкиот центар се евидентираат 33 нови позитивни на вирусот. 

 

Во Кавадарци 22 нови случаи, еден во Росоман, десет во Неготино. 

 

„Новите позитивни се на возраст од 27 до 80 години. Очекуваме уште резултати од направени тестирања“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Во кавадаречката болница на ковид одделот во изминативе 24 часа се примени на лекување уште двајца пациенти и моментално се хоспитализирани 56. Слободни се уште 4 болнички кревети. 

 

Во текот на вчерашниот ден, според извештајот од министерството за здравство во Кавадарци се евидентирани 40 излекувани пациенти. Од вкупниот број позитивни  1559, активни се 566 случаи.

А.Д



Share

Додади коментар