32 седница на советот на општина Кавадарци : Задолжувањето на општина Кавадарци прво на јавна расправа
09-07-2015 РЕГИОН

Едногласно советот на општина Кавадарци денеска одлучи да им се исплати еднократна парична помош на семејствата чии домови настрадаа во пожар по удар на гром. Оваа точка од дневниот ред на 32 седница на советот беше и повод за прашање од советникот Зоран Бањански до градначалникот дали бил задоволен од интервенцијата на територијалната противпожарна единица Кавадарци при гасењето на пожарот на трите објекти кои беа опожарени по удар на гром, бидејќи меѓу кавадарчани се ширеле гласини околу нивната ефикасност. Потоа следеше подолга дебата околу ова тема.  Градоначалникот им се заблагодари јавно на сите што помогнаа да се локализира и угаси пожарот, но наглас и дека постоела доза на незадоволство за што веќе тој започнал процедура да се испита делувањето на ТПЕ Кавадарци.

„Има доза на незадоволство од интервенцијата на кавадаречката противпожарна единица. Дел поради старосната структура на пожарникарите. Има субјективни пропусти  и доколку се утврди дека има поголеми пропусти и субјективност ќе следуваат и казни“ рече Панов.

Од име на семејствата кои се оштетени од пожарот за укажаната помош се заблагодари советничката Јасминка Крства, чија куќа исто така беше опожарена. Таа потенцира дека пожарникарите и сите што учествувале во гасење на пожарот дале се од себе, ризикувајќи си ги и животите за да се изгасне пожарот што побрзо.

 

Одлуката за долгорочно задолжување на општината со заем од  41 милион денари беше повлечена од градоначалникот, бидејќи советникот Горан Белевски од СДСМ побара да се почитувала законската процедура околу задолжувањето на локалната самоуправа и одлуката за задолжување претходно да помине на јавна расправа.

 

“Ние сме за зонско паркирање, но не ни е потребно јавно приватно партнерство. Физибилити студијата е нереална“ рече советникот Зоран Бањански во дискусијата околу одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за концесија за давање на услуги  на паркирање во општина Кавадарци.  Тој нагласи дека ставот на опозицијата е подобро општината да формирала јавно приетпријатие кое ќе стопанисува со паркинзите, бидејќи од паркирање тоа јавно претпријатие би можело да инкасира околу 300 илјади евра годишно. Оваа одлука беше усвоена о 11 гласа „За“, 1 „воздржан“ и 5 „против“.

На денешната седница едногласно беа усвоени одлуки за урбанистички планови и одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу општините Кавадарци, Велес, Градско, Чашка и Росоман. Се одобрија финансиски средства за црквата во село Ваташа.  Со 12 за и 5 воздржани беше увоен извештајот за редовното работење на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првото тромесечие од 2015 година.  Беа усвоени и измените на програмата за поставување на урбана опрема.

 

Програмата за стопанско туристичката манифестација Тиквешки гроздобер предизвика подолга дебата меѓу советниците. Опозицијата забележа дека досега овој состав на советот нема разгледано ни еден извештај за реализацијата на оваа манифестација.

„Прогрмата не е изменета и е иста со минатите години, само организаторот  е променет. НЕ гледам зошто организацијата на Тиквешки гроздобер“ да ја довериме наскопска фирма која е регистрираназ а угостителство и туризам. За оваа програма буџетот е 2,7 милииони денари и дополнително 150 илјади денари за осветлување“ рече советничката Милица Андова.

Градоначалникот Панов рече дека е пропуст тоа што не е разгледан извештајот од советот и вети дека на една од наредните седници ќе се разгледува доколку тоа го дозволува статутот на општината.

„Минатата година имавме успешна организација. Тоа ни беше целта, да го задржиме тоа ниво.“ рече Панов. Советничката Божанка Минова апелираше да се понуди побогата карневалска поворка и послилен маркетинг за да се привлечат што повеќе посетители на гроздоберот.

Годинава специјален гостин на Гроздоберот ќе биде Оливер Драгоевиќ. Советникиот Слободан Ивановски нагласи дека популарноста на Драгоевиќ ќе биде исто така магнет за што повеќе посетители. Тој очекува дека ќе се повтори минатогодишната посетеност кога Жељко Јоксимовиќ на плоштадот собра над 10 илјади посетители. Според Ивановски, мерило за една успешна манифестација е токму посетеноста на истата. Програмата беше усвоена со 11 глас за и 5 против.

Ангел Данов



Share

Додади коментар