32 нови случаи на ковид 19 во Тиквешијата изминатиот викенд, 74 оздравени
25-01-2021 РЕГИОН
26 ковид позитивни во Кавадарци се дијагностицирани изминатиот викенд. Во Неготино викендов има 4 нови случаи и два во Демир Капија.
Според податоците на Министерството за здравство, заклучно до вчера во Кавадарци има 336 активни случаи на вирусот, а од почетокот на пандемијата се дигагностицирани вкупно 2466 случаи.
Вчера во статистиката се евидентираат 36 оздравени пациенти од Кавадарци, 29 од Неготино и 9 од Демир Капија.
„Во тек на вчерашниот ден во ковид центарот на нашата болница се сместени 20 пациенти, во стабилна општа состојба. Слободни се 40 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
А.Д

Додади коментар