По објавениот повик од општина Неготино до земјоделците за пријавување на штетите на земјоделските насади веќе се доставени 300 пријави.
„ Денеска беше последен ден за пријавување на штетите на земјоделските насади за штетите кои ниските температури ги предизвика и можат да кажам дека околу 300 земјоделци од општината поднесоа пријави. Најчести се пријавите на земјоделци кои имаат штети на лозови и овошни насади и тоа производители од селата во општината, но и од градот. Денеска беше последен ден за доставување на пријави, а веќе општината има формирано стручна комисија која ќе излезе на терен и ќе ја утврдва фактичката состојба, односно штета “- вели Митко Толовски соработник за заштита на животната средина при локална самоуправа Неготино.
Откако општински комисии ќе извршат увид во фактичката состојба на терен и ќе ги утврдуваат штетите, записникот ќе биде усвоен од страна на Советот на општина Неготино и доставен до ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Инаку, општина Неготино го објави овој јавен повик пред една недела за пријавување на штетите кои ниските температури ги предизвикаа на земјоделските насади и тоа во периодот од 27 до 29 март за овошни насади и 20 април за лозови и други насади.
Maja Aлексовска
Додади коментар