30 пријави заштети на земјоделски посеви
10-02-2015 РЕГИОН

 Во граѓанскиот информативен центар во Општина Кавадарци се уште пристигнуват пријави на штети од поплавите. Досега  има пристигнато 30 пријави на штети на земјоделски посеви. Комисијата во два наврати ги посети  земјоделските посеви заедно со сопственициоте со цел утврдување на степенот на штетите . Од катастраска општина Дреново има најмногу 8 пријави, од Раец 5, Танко Патче 7, Кавадарци само 3 и од катастраска општина  Глишиќ 6 пријави.

 

Според информацијата која ја добивме директно од Граѓанскиот информативен центар,  земјоделците пријавуваат најмногу штети на лозови насади, потоа овоштарници и посеви со едногодишни градинарски култури со есенската сеидба. Од градинарските култури и тоа во катастрската општина Дреново најмногу настрадаа површините со лук. Комисијата го посети и пчеларникот на пчеларот Илија Браов  кој надојдените води од Моклишка Река ги однесоа пчелните сандаци.

М.Мукаетова



Share

Додади коментар