30 милиони денари за развој на руралните средини во Вардарски регион
19-08-2015 РЕГИОН

 Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ќе го подобрува животот на населението во руралните средини.. Околу 30 милиони денари ќе инвестира во неколку села кои припаѓаат во овој плански регион.. Раководителот на центарот за развој на вардарскиот регион, Марко Колев, вели дека парите се наменети за руралните населени места кои се дел од општина свети николе.. Така шест села од оваа општина ќе добијат урбанистички планови а во две ќе се инвестира во комунална инфраструктура - ќе се реконструира локален пат и ќе се поставува урбана опрема..

Вредноста на овие проекти изнесува близу 30 милиони денари.. Центарот за развој на вардарскиот плански регион ги обезбеди преку владината програма за поддршка на руралниот развој.. Одобрувањето на овие пари следува по претходно изработена документација во која се внесени сите потребни одобренија за реализација на проектите..

Инаку одобрувањето средства на центрите за развој на планските региони се реализира по прв пат.. До сега тоа право го имаа само општините.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар