28 нови ковид позитивни во тиквешкиот регион
10-11-2020 РЕГИОН
Секојдневно се дијагностицираат нови позитивни случаи на корона вирус и во Тиквешијата. Во изминатите 24 часа заклучно со 14.20 часот денеска, во центарот за јавно здравје во Кавадарци се дијагностицирани вкупно 28 нови позитивни.
„Во Кавадарци има 15 нови позитивни на ковид 19 на возраст од 28 до 74 години, во Неготино 12 лица се позитивни а се на возраст од 20 до 59 години, во Росоман еден случај е позитивен на возраст од 47 години“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци заклчучно со вчера активни има 360 случаи, а вкупниот број на позитивни од почетокот на епидемијата е 745.
Вчера на ковид одделот во кавадаречката болница починале 2 лица на возраст од 65 и 70 години.
А.Д

Додади коментар