И понатаму расте бројот на нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Денеска се регистрирани вкупно 28 нови случаи. Од нив 18 се во Кавадарци, 9 во Неготино и 1 во Росоман.
„Во Кавадарци новите позитивни се на возраст од 21 до 73 години. Имаме двајца хоспитализирани пациенти на возраст од 21 и 63 години, поради влошена состојба. Во Неготино меѓу деветте позитивни има и едногодишно дете кое посетува градинка. Во изолација се 7 деца и 3 негувателки. Во Роосман позитивниот е на возраст од 22 години“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Тој нагласи дека се работи на откривање на контактите на новите позитивни, а во градинката во Неготино биле преземени сите потребни мерки за дезинфекција.
Од општа болница добивме информација дека до овој момент се згрижени 20 ковид пациенти.
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, заклучно со вчера во Кавадарци од почетокот на епидемијата се дијагностицирани вкупно 471 ковид позитивен, оздравени се 271 лице, а активни се 195 случаи.
А.Д
Додади коментар