Eдногласно советот на општина Кавадарци денеска одлучи да се побара информација од надлежните институции за состојбите околу откупот на винско грозје од годинашнава реколта. По добиените информации, советот ќе одржи вонредна седница, доколку е потребно нивно дејствување за надминување на проблеми, кои евентуално би се појавиле при откупот на винско грозје.
Ваквиот заклучок произлезе по барањето на советникот Зоран Јованчев советот да расправа за лозарството на денешната седница, но бидејќи не се познати многу битни информации советниците се договорија да се почекаат информациите од надлежните институции.
Градоначалникот Митко Јанчев ги информираше советниците дека ја следи состојбата и има соработка со МЗШВ.
Советот на денешната седница без дискусии, едногласно ги усвои измените и дополнувањата на планот за програмите за развој на општината, за распределбата на финансиски средства од буџетот на општината и измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште, како и измените и дополнувањата на програмата за располагање со градежно земјиште, социјалната заштита и програмата за развој.
Едногласно се донесоа одлуки и околу паркирањето за време на манифестацијата Тиквешки гроздобер што ќе се одржи во почетокот на месец септември.
А.Д

Додади коментар