28 лица во Кавадарци и 21 во Неготино казнети поради не носење заштитни маски
23-06-2020 РЕГИОН

Во период 22/23.06.2020 година за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 99 лица, и тоа, 50 во Велес, 28 во Кавадарци и 21 во Неготино.

 

Во овој период  има 16 новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, 13 во Велес и три во Неготино, а со Изјава за самоизолација има 26 нови лица, 25 во Велес и едно во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 141 лица, од кои 92 во Велес, 24 во Кавадарци и 25 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 127 лица, од нив 70 се во Велес, 45 во Кавадарци и 12 во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

                                    



Share

Додади коментар