277 гласачки места утре ќе бидат отворени во повардарскиот регион
12-04-2014 РЕГИОН

Утре во Кавадарци ќе бидат отворени 60 гласачки места, а правото на глас ќе го искористат 32.381 избирач евидентирани во единствениот избирачки список. Според информациите од претседателската на ОИК Кавадарци, Марија Јованова во текот на денешниот ден гласале 170 болни и немоќни лица. Гласањето поминало без проблеми.

Во Неготино ќе гласаат   16.005 граѓани со право на глас, а ќе бидат отворени  28     избирачки места.За денеска да гласаат во ОИК Неготино имаше пријавено 133 болни и немоќни лица.

Во Велес ќе се гласа на 84 избирачки места, а право на глас според избирачкиот список имаат 46.548 граѓани. Според информациите од претседателката на ОИК Велес, Емилија Андоновска ОИК добила 502 барања од болни и немоќни лица за да им биде дозволено да гласаат во текот на денешниот ден. Комисијата прифатила 491 барање и толку болни и немоќни имаа право да гласаат денеска.

Десет избирачки места ќе бидат отворени во Росоман, а право на глас според податоците од единствениот избирачки список имаат      граѓани.

3420 граѓани ќе го остварат своето граѓанско право на глас за избор на претседател на државата во општина Демир Капија. Таму ќе бидат отворени 11 гласачки места. Денеска своето право на глас го искористија 37 болни и немоќни лица, информира претседателот на ОИК Младен Петров.

Во Градско се евидентирани 3137 граѓани во единствениот избирачки список, а ќе бидат отворени 11 гласачки места.

Во Свети Николе утре ќе се гласа на 35 избирачки места, а право на глас имаат 15.039 граѓани.

2134 граѓани се со право на глас во општина Лозово. Таму ќе се гласа на 9 избирачки места информира претседателот на ОИК Јоско Коцевски. Во општина Чашка пак, ќе гласаат 5838 граѓани на 29 избирачки места. Денеска гласањето заврши за 43 болни и немоќни лица.

Ангел Данов



Share

Додади коментар