Општинска организација на Црвен Крст Кавадарци на 22 октомври 2020 година спроведе доброволна крводарителска акција во Тутунската компанија Алијанс Уан, каде што вработените имаа можност да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв - информираат од Црвен Крст.
Од вработените во компанијата во услови на корона криза на список се пријавија околу 30 лица да даруваат крв на акцијата која ја организираше Општинската организација Кавадарци и истата ја реализира екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Од страна на управата на самата компанија веќе традиционално, како и во изминатите години, беше покажана голема организација за успешно спроведување на акцијата, поточно беа превземени сите мерки за превенција од корона вирусот и се покажа голема почит и внимание кон сите доброволни крводарители .
За секој крводарител следуваше заштитна опрема и грижата кон вработените што ја покажаа одговорните од оваа фирма во една пријатна и релаксирана атмосфера за работа, почитта кон хуманоста, солидарноста и вреднувањето на општествената одговорност, вреди да се поздрави и да биде пример и за останатите компании во кои се спроведуваат доброволни крводарителски акции.
На акцијата даруваа 27 крводарители.
Додади коментар