Во период21/22.06.2020 год. има осум новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, еден во Кавадарци и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има шест нови лица, пет во Кавадарци и едно во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 133 лица, од кои 80 во Велес, 25 во Кавадарци и 28 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 71 лица, од нив 13 се во Велес, 46 во Кавадарци и 12 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.
Во овој периотд за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 78 лица, и тоа, 45 во Велес, 13 во Кавадарци и 20 во Неготино - информираат од СВР Велес.
Додади коментар