Во текот на второто полугодие од минатата година полициската станица од општа надлежност има регистрирано два прекршока од законот за оружје, а исто толку барања биле поднесени и до надлежните судови. Констатирани се 23 прекршоци или 11 помалку споредено со 2013 година по законот за јавна чистота. Прекршоците се извршени од 18 полнолетни сторители. Била наплатена една покана за наплата на глоба, а15 сторители приофатиле извршување на општокорисна работа, односно потпишале записник за општо корисна работа. Овие податоци се наведени во информацијата за состојбата си јавната бебзедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за второто полугодие од 2014 година, а која беше на дневен ред на седница на кавадаречкиот совет.
Во извештајниот период биле поднесени 22 барања за поведување на прекршочна постапка по законот за јавна чистота. Биле констатирани 3 прекршоци од Законот за заштита од пушење и биле издадени 3 покани за наплата на глоба. Овие прекршоци биле извршени од полнолетни граѓани. Биле поднесени и две барања за поведување на прекршочна постапка по Закон за заштита од пушење.
А.Д

Додади коментар