Во период14/15.06.2020 нема новорегистрирани лица со Решениe за изолација, а со Изјава за самоизолација има едно ново лице во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 110 лица, од кои 67 во Велес, три во Кавадарци и 40 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 89 лица, од нив 52 се во Велес, 27 во Кавадарци и 10 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 86 лица, и тоа, 48 во Велес, 23 во Кавадарци и 15 во Неготино.
Додади коментар