221 средношколец сместени во интернатот во Велес
06-11-2014 РЕГИОН

Со целосно исполнет капацитет работи ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“.  И оваа учебна година во него се сместени 221 средношколец.  Престојуваат деца од соседните општини, Кавадарци, Неготино, Свети Николе. Изборот на ученици кои ќе се сметстат во интернатот се прави пред почетокот на новата школска година, вели директорката Василка Ѓурчиновски.

 

Секоја година расте интересот за престој во ученичкиот дом, велат од локалната самоуправа. Годишните извештаи од работата на установата покажуваат дека годишно аплицираат и до 500 ученици.. токму поради се прават напори да се зголеми бројот на легла.

 

Надлежните од ученичкиот дом велат дека постојано се работи на подобрување на условите за престој,  така минатата година беа заменети прозорците, водоводната иа канализациона мрежа а реновирани се и собите.. според годишниот план за работа, интернатот следната година планира изградба и на повеќенаменски спортски терен.

 

З.Јаневски



Share

Додади коментар