Едногласно кавадаречкиот совет денеска во рамки на 22-та редовна седница донесе одлука за започнување на постапка за гасификација на Кавадарци. Изготвувачите го презентираа идејниот проект пред советниците. Беше речено дека реално е да се очекува до јули Кавадарци да добие гас.
Преку дистрибутивен центар со гас ќе се снабдуваат домаќинствата и останатите индустриски објекти. Објектите повисоки од 7 ката нема да можат да се гасифицираат на стандарден начин. Ќе биде изградена 22 километарска мрежа, а проектот за гасификација ќе ја чини општината два милиони евра.
Со воведување на гасот како енергенс, општината ќе има повеќе бенефити, а најважни се намалувањето на загадувањето на воздухот, поевтина енергија и добивање поголема енергетска ефикасност.
Едногласно советот на денешната седница ги усвои годишната сметка на буџетот и годишниот извештај за работењето на општина Кавадарци во минатата година. Едногласно поминаа сметките на основните и средните училишта, детската градинка, музеј галерија, библиотека „Феткин“, додека на домот на културата годишната сметка беше усвоена со 10 гласа „За“ и 8 „против“.
Советниците донесоа одлука да се субвенционира набавката на велосипеди. Ќе се доделуваат средства од буџетот до 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.
А.Д
Додади коментар