До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат - алармираат експертите.
Помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.
До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации.
Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.
Во изминатиот период локалната самоуправа Кавадарци беше фокусирана на решавање на проблемот со водоснабдувањето. Рестрикциите станаа минато, а сега се превземаат активности за поставување на филтри на изворите лукар 1 и 2 каде доаѓа до заматување на водата за пиење при поројни дождови и топење на снегот. За превзементите активности за квалитетно водоснабдување на Кавадарци разговаравме со градоначалникот Панов во емисијата ТВ објектив. Тој е дециден дека и во наредниот период ќе се работи во насока на квалитетна вода за пиење.

Додади коментар