21 кавадарчанец и 12 неготинци казнети поради не носење заштитна маска
03-06-2020 РЕГИОН

Во изминатото деноноќие  за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 66 лица, и тоа, 34 во Велес, 21 Кавадарци и 12 во Неготино, инфомрираат од СВР Велес.

 

Во период02/03.06.2020 год. има шест нови регистрирани лица со Решениe за изолација,и тоа, три во Велес и три во Неготино, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 135 лица, од кои 100 во Велес, 16 во Кавадарци и 19 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има четири лица, од нив три се во Велес и едно во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

 



Share

Додади коментар