200 дечиња на возраст од 6 до 12 години од Кавадарци се дел од годинашното изучување на основните фудбалски вештини во рамки на „Опен фан фудбал“ Годинава во школата се вклучени 12 тренери, а основната идеја е забавниот концепт. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. До недела децата ќе живеат со фудбалот, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост.
Децата кои денеска тренираа на градскиот стадион ги посети и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов. Тој најави дека ваквите школи се од голема потреба за младите со цел да се отргнат од пороците.
„Опен фан фудбалот ни стана традиција на некој начин. Повеќе од 4 години ја реализираме оваа манифестација. Потребно е за нашите млади деца да се понуди ова. И во иднина нема да има пречка за да се продолжи со ова. Што повеќе деца да се занимаваат со фудбал успеваме да ги отргнеме од пороците. Преку овие школи имаме можност да ги откриваме талентите“ рече Панов.
Благодарност до општината, компанијата Кожувчанка и Водостопанство Тиквеш за подршката упати претседателот на општинскиот сојуз на спортови, Борче Ѓорѓиев.
„ На оваа манифестација учествуваат 200 деца на возраст од 6 до 12 години поделени на 12 групи и 12 тренери. Се работат различни вежби од фудбалот. Ова манифестација се одвива неколку години и секоја година има различни генерации“ рече Ѓорѓиев.
А.Д

Додади коментар