20-ти мај ден на пожарникарите
20-05-2020 РЕГИОН
20 мај од осамостојувањето на земјава, во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарите во Македонија. Кавадаречката противпожарна единица во последните години бележи значително унапредување како во кадровската, така и во техничката опременост.
Минатата година за прв пат по 60 години се заврши со целосно реновирање на зградата на пожарникарите, а беше набавена и современа опрема.
Честитки до пожарникарите по повод нивниот ден упати градоначалникот Митко Јанчев.
„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, не сме во можност да го одбележиме овој ден како што доликува.
Но тоа не го оспорува фактот дека Противпожарната единица на Општина Кавадарци во изминатите години значително ги подобри условите на зградата но и беше набавена нова,современа опрема за пожарникарите. Професионалноста на нашите пожарникари се потврдува преку сите нивни интервенции и нивната пожртвуваност. Кавадарци е гордо на противпожарната единица.
На линкот во продолжение можеме да ја погледнеме минатогодишната прослава по повод одбележувањето на денот на пожарникарите.
Честит ден драги наши пожарникари!“
Видео од минатогодишната прослава
Додади коментар