Кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет во четвртиот квартал од минатата година едногласно беше усвоен на денешната 20-та по ред редовна седниц ана кавадаречкиот совет. Едногласно поминаа и иземните на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници.
Советниците имаа можност да го служнат образложението за физибилити студијата за оправданоста од концесија за третман на комуналниот отпад о изготвувачот на истата. Потоа едногласно беше усвоена студијата која е во согласност со сите регулативи на секторот, нема финансиски последици за општина Кавадарци, а нема и влијание врз планирањето на Вардарскиот плански регион.
Со оваа студија се покажа дека досегашното собирање на комуналниот отпад и одложувањето на депонијата „Мелци“ има големи последици врз загадувањето на воздухот, а со тоа и зголемен ризик по здравјето на граѓаните. Ќе се даде можност на приватен субјет да добие концесија за третман на цврст општински отпад кој е носител на А лиценца за управување со отпад. Концесионерот кој ќе го третира отпадот ќе има задача и да изврши едукација на населението за соодвен начин на собирање на отпадот.
Едногласно беше донесена и одлуката за урбанистичкиот план за село Марена за планскиот период 2014-2024, за меѓуопштинска соработка меѓу Кавадарци и Демир Капија.
Советот на денешната седница ја усвои и годишната програма за третман на бездомните кучиња. Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека во нардниот период општината има приоритет за трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња преку создавање на шинтерска служба и изградба на прифатилиште каде потоа ќе се третираат бездомните кучиња.
Кавадарци ја доби и стратегијата за лица со инвалидност ЛАПЛИ. Советниците едногласно ја подржаа. Советникот Никола Трендафилов нагласи дека во општина Кавадарци согласно проценките на светско ниво, има околу 4000 лица кои имаат некаков посебен проблем и со оваа стратегија ќе се помогне на овие лица.
Без дискусија советот ги прифати и извештајот за сработеното лани и програмата за работа годинава на општинскиот совет за превенција против малолетничка деликвенција, планот и програмата за работа на советот на млади и прогрмаата за организирање на манифестацијата Свети Трифун.
Се усвоија и повеќе одлуки околу работењето на ЈП Комуналец, а се додели и еднократна парична помош на семејството чија куќа изгоре овој месец во пожар. На ова семејство парична помош им дадоа и компаниите Кожувчанка, Метал Апостолов, Градба промет, Ми комерц.
На денешната седница беше формиран и локален совет за превенцијаво кој ќе бидат вмрежени сите субјкекти во општионата кои можат да влијаат на квалитетот на живеење на граѓаните. Претходно советниците беа запознати со функционирањето на овој совет од командирот на кавадаечката полициска станица, Сашко Димовски и од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. ВО ова тело членуваат градоначалникот, претседателот на советот, координаторите на советничките групи, директорот на болницата, командирот на полициска станица, а ќе имаат работни состанови најмалку шест пати годишно во врска со актуелни проблеми од областа на безбедноста.
На денешната седница советот даде согласност за објавување на оглас за јавна набавка, односно изградба, реконструкција и модернизација на системот на улично осветлување во општината.
Градоначалникот информира дека ќе биде изградена целосна нова ниско наменска мрежа и улиците каде немаше улично осветлување ќе добијат. Со овој тендер Кавадарци ќе добие поквалитетно улично осветлување со современи светилки.
Aнгел Данов

Додади коментар