20 години успешна работа одбележува кавадаречката компанија Кожувчанка. Формирана е во 1995 година од фамилијата Јанчеви, како приватно претпријатие за полнење на природнатаминерална вода Кожувчанка, а подоцна започнува да ја произведува и природната вода Изворска. Оваа компанија е и овластен производител и дистрибутер на Синалко газираните сокови, и негазираните сокови Синета, ледениот чај и енергетски пијалак Енергис.
По повод јубилејот 20 години од оновањето денеска во Стопанската комора се оджра прес конференција на која се говореше за развојот на оваа успешна компанија. За развојот и инвестициите на Компанијата за сите овие години говореше генералниот менаџер Митко Јанчев.
„Особено ни е драго што во изминативе 20 години растевме заедно со законската регулатива и институциите на кои потполно се потпревме и им верувавме. Работата, тимот, квалитетот и постојаното инвестирање во новитетите во овие 20 години се темели на постоењето на Кожувчанка, која е горда на потеклото од нашиот роден град Кавадарци“ – рече Јанчев.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, ја истакна одличната соработка со Кожувчанка и придонесот на Компанијата и нејзиниот развој во општеството.
„На членовите на менаџеркиот тим на Кожувчанка не им недотасува визија бидејќи тие се водени од иднината, не им недостасува незнаење, сила и енергија бидеќи тие имаат 120 вработени“ рече Азевски.
20 годишното успешно работење на „Кожувчанка“ го честита и претставникот на Синалко Интернешнл, Мајкл Дуркс.
“Вие успеавте да создадеете претрпијатие кое денес претставува една од најкголемите произведувачи на пијалоци во Македонија “ нагласи Дуркс.
А.Д
Додади коментар