19 лица во Кавадарци, 20 во Неготино и 57 во Велес казнети поради не носење заштитна маска
11-06-2020 РЕГИОН

Во период10/11.06.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 96 лица, и тоа, 57 во Велес, 19 во Кавадарци и 20 во Неготино.

 

Во овој период има шест новорегистрирани лица со Решениe за изолација, сите се во Неготино,а со Изјава за самоизолација има четири нови лица, исто така, во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 122 лица, од кои 68 во Велес, девет во Кавадарци и 45 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 66 лица, од нив 37 се во Велес, 19 во Кавадарци и 10 во Неготино - информираат од СВР Велес.

 

Од страна на полициски службеници  биле извршени  контроли кај лица во изолација и самоизолација, и било констатирано дека  сите ги почитувале овие мерки.

                            

 



Share

Додади коментар