18 нови заболени од Covid 19 во земјава - Во Кавадарци нема нови заболени

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица - информира министерот за здравство Венко Филипче.

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (134)
- Дебар (43)
- Куманово (17)
- Штип (8)
- Прилеп (6)
- Охрид (3)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Тетово (2)
- Гостивар (1)

 

 



Share

Додади коментар