16-та седница на советот на општина Кавадарци
03-06-2014 РЕГИОН

Денеска заседаваше советот на општина Кавадарци. Ја одржа редовната 16 та седница. Едногласно беа донесени одлуки за одобрување на финансиски средства од буџетот на општина Кавадарци за 2014 година за ко-организација на квалификациски циклус за Европско првенство за кошаркарки.  и за организација на настанот Баскерфест 2014 во Кавадарци.

За ко-организација на квалификацискиот циклус за Европското првенство за кошаркарки општината од буџетот ќе исплати 400 илјади денари и тоа 220 илјади денари на Македонската кошаркарска федерација со намена превоз на учесниците, 100 илјади денари исто на кошаркарската федерација за сместување на учесниците и 80 илјади денари на ЈП „Јасмин“ со намена – организација на првенството.

Советниците исто така донесоа одлука за ослободување од плаќање надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект за црква Света Петка. Македонската православна црква-Охридска архиепископија  се обврзува изградбата на објектите од комуналната инфраструктурна мрежа да ја изведе со сопствени средства и истата да ја предаде на јавното комунално претпријатие и овластени субјекти да стопанисуваат со истата.

Се изврши измена на одлуката за доделување на еднократна парична помош од општината за секое новороденче . Сега наместо 30 дена за аплицирање на родителите им се дава време од 6 месеци.

ВО рамки на 16 седница беа донесени и одлуки за доделување на финансиски средства за лекување, по претходно поднесени барања од граѓани. Исто така советот едногласно усвои одлука за одобрување на финансиски средства за обезбедување на примарна здравствена заштита во селото Сопот.

А.Д



Share

Додади коментар