16 нови заболени од грип во Кавадарци
10-01-2014 РЕГИОН

16 нови заболени од грип се евидентирани последната недела во Центарот за јавно здравје. Со тоа вкупниот број на грипозни од почетокот на сезоната досега се искачи на 52.

„Споредено со минатата сезона на грип,  годинава имаме речиси двојно повеќе случаи на заболени. Не е ништо алармантно , вкупниот број на заболени во сеуште низок“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 1-та недела 2014, изнесува 1.343 од кои шестмина се заразени од вирусот на свински грип.  Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.

Во споредба со истиот период минатата година кога се регистрирани 740 заболени, постои зголемување на вкупниот број на заболени лица за 81,5%, а во однос на просекот за 10-годишниот период (1423) се регистрира намалување на бројот на заболени во оваа сезона за 5,6%.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, укажува на тоа дека во месец декември пријавени се најголем број на случаи со симптоми на грип.

Најголем број на заболени се од Пехчево, а најмногу заболени има на возраст од 15 до 64 години.



Share

Додади коментар