150 нови позитивни на Ковид 19, починати се девет лица

 

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 93
- Куманово 7
- Штип 3
- Прилеп 4
- Тетово 12
- Струга 3
- Битола 1
- Охрид 9
- Гостивар 3
- Кочани 1
- Кичево 8
- Ресен 5
- Неготино 1

 

Медицинска сестра на возраст од 57 години од Неготино е позитивна на Ковид 19, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.

Епидемиологот д-р Ристе Јовановски информира дека дијагностицираната е на домашно лекување и се утврдуваат нејзините контакти.

 

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

- Скопје 21
- Штип 3
- Прилеп 2
- Тетово 3
- Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.



Share

Додади коментар