Нагло зголемување на бројот на заболени од грип последната недела има во цела држава.Иста е состојбата и во Кавадарци, информираа денеска од Центарот за јавно здравје.
„Минатата недела се евидентирани 150 нови заболени од грип со што вкупниот број на грипозни достигна 235 лица. Истиот период лани, од почетокот на сезоната во октомври, имало само 43 заболени, а сега бројот е пет пати поголем.“ рече д-р Ристе Јовановски епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Лекарите и епидемиолозите укажуваат дека реалниот број на грипозни во државата е далеку поголем од оние кои се официјално регистрирани. Поголемиот дел од заболените не се јавуваат на лекар, туку се лекуваат дома. Тие уште објаснуваат дека речиси нема семејство во кое има најмалку еден болен од грип, кој потоа ги заразува другите и така се случува и цели семејства да го одлежат грипот, но малку од нив се обрааќаат за лекрска помош. Кај помладите и здрави луѓе грипозната состојба брзо минува за неколку дена, додека кај постарите лица, хроничните болни и децата може да трае и по една недела и повеќе, заради послабиот имунитет.

Додади коментар