Под претседателство на Јордан Паунов синоќа Советот на општина Неготино ја одржа петнаесетата редовна седница на која едногласно без расправа советниците ја прифатија препораката на на претседателот на комисијата за урбанизам и комунална дејност Петре Манчев , предлог одлуката за утврдување на на Детален урбанистички план за дел од Урбаната заедница 8 дел од Урбан блок 8/2 блок 2 во Неготино и Урбана заедница 7/1во Неготино.Советниците исто така едногласно ја прифатијапредлог програмата за изменување и дополнување на програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за оваа 2014 година. Во продолжение на седницата поздравувајќи ја предлог одлуката за реконструкција на соблекувалните во просториите на Градскиот стадион во Неготино советникот Сашко Николов рече-
Од името на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Николина Симјановска целосно ја подржа реконструкцијата насоблекувалните на Градскиот стадион и упати апел до бизнис секторот во Неготино да помагаат и донираат во реконструкцијата на градскиот стадион.
Советниците вчера ја прифатија и предлог одлуката да се разреши Влатко Иванов за член на упрвниот одбор на Основното музичко училипте „Владимир Арсовски“ во Неготино кој поради оправдани причини не може да присуствува на седниците и на негово место јс назначи Зорица Илова. На крајот од седницата едногласно беше прифатена и предлог одлуката за преостапување на противпожарна опрема на општините Валандово и Крушево.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар