15 нови ковид позитивни во Тиквешијата - четворица починати
12-11-2020 РЕГИОН

15 нови позитивни ковид случаи се дијагностицирани во Тиквешијата во изминатите 24 часа, заклучно со денес до 14.15 часот, потврдија од центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

„Во Кавадарци има 14 нови случаи, еден е во Неготино. Очекуваме резултати и од други тестирања. Има починато тројца пациенти во Кавадарци еден на возраст од 71 година и двајца на 77 години. Во Неготино почина пациент на 74 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Share

Додади коментар