15 нови заболени од туберкулоза во Повардарието
25-03-2014 РЕГИОН

 10 ГОДИШНО ДЕТЕ Е НАЈМЛАДИОТ ПАЦИЕНТ ВО ДИСПАНЗЕРОТ ЗА ТУБЕРКУЛОЗА ВО ВЕЛЕС.. ОВДЕ ОСВЕН ОД ГРАДОТ СЕ ЛЕКУВААТ И ЗАБОЛЕНИ ОД КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА.. ЛАНИ ВО СИТЕ ОВИЕ ОПШТИНИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ 15 НОВО ЗАБОЛЕНИ СО ТУБЕРКУЛОЗА.. БОЛЕСТА Е ЗАСТАПЕНА КАЈ СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ, ВЕЛИ ДОКТОРКАТА АНЕТА КОВАЧКИ..

 

ВЧЕРА СЕ ОДБЕЛЕЖУВАШЕ СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ТУБЕРКУЛОЗА, ГОДИНАВА ПОД МОТОТО „ДА ГИ ЗАСИЛИМЕ НАПОРИТЕ ЗА ДА ЈА ЕЛИМИНИРАМЕ ТУБЕРКУЛОЗАТА ДО 2050 ГОДИНА“.. НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА ОВАА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ Е НЕХИГИЕНАТА И ЛОША ИСХРАНА.. СПОРЕД ЛЕКАРИТЕ ОСВЕН ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ, НАЈДОБРА ЗАШТИТА Е ВАКЦИНАЦИЈА ВО НАЈМАЛА ВОЗРАСТ..

 

ЛЕКУВАЊЕТО ОД ТУБЕРКУЛОЗА ТРАЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ.. СИТЕ ЗАБОЛЕНИ НА ПОЧЕТОКОТ ТЕРАПИЈАТА ЈА ПРИМААТ ВО БОЛНИЧКИ УСЛОВИ.. СПОРЕД ЛЕКАРИТЕ НАВРЕМЕНОТО ОТКРИВАЊЕ НА БОЛЕСТА ЗНАЧИ ПОБРЗО И ПОЕФИКАСНО ЛЕКУВАЊЕ..

 

ИНАКУ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАБОЛЕНИТЕ ОД ТУБЕРКУЛОЗА СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦАТА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО ЈАСЕНОВО..  УСТАНОВАТА Е ОПРЕМЕНА СО ПОСЕБНИ ПРОСТОРИИ И ОПРЕМА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ОВИЕ ЗАБОЛЕНИ..

 

СПОРЕД СТАТИСТИКАТА КОЈА СЕ ВОДИ ЗА ОВАА БОЛЕСТ, СЕКОЈА ГОДИНА СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ.. ЛАНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 323 ШТО Е ЗА 32-ЦА ПОМАЛКУ ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.. ИНАКУ ЛЕКУВАЊЕТО  ОД ТУБЕРЛКУЛОЗА Е БЕСПЛАТНО..  

З.Ј



Share

Додади коментар