Големата трагедија се случи доцна синоќа после 22 часот на неколку километри после станицата „Рајко Жинзифов“ во правец кон стојалиштето Пчиња. Во нив удрил експресниот воз кој сообраќал на релацијата Солун-Белград. Остатоци од загинатите луѓе и денеска се уште беа расфрлани по пругата. Делови од облека, мобилни телефони и храна сведочат за несреќата која се случувала овде..
До доцна во ноќта траеше увидот на полицијата и јавниот обвинител. Поради непристапниот терен до кој се стигнува единствено со воз, подолго време им било потребно на увидните екипи да дојдат до местото на трагедијата. Од основното јавно обвинителство во Велес велат дека несреќата ја пријавил машиновозачот. Според неговите зборови, тој забележал поголема група мигранти која седела на колосекот.. веднаш ја активирал брзата кочница а употребил и звучен сигнал.. и покрај ова, 14-мината мигранти не успеале да побегнат.. теренот овде е непрегледен и тесен - од левата страна има густа шума, од десната пак е провалија која завршува во вардар..
По доаѓањето на увидните екипи, дел од мигрантите кои спасиле жива глава бегајќи кон шумата се вратиле на местото на несреќата. Веднаш биле приведени и пренесени во велешката полициска станица..
Инаку рано утринава пред пет часот беа извлечени безживтоните тела на мигрантите.. натоварени во вагон беа донесени на железничката станица во Велес..
Прегазените авганистанци и сомалијци беа транспортирани во капелата на градсите гробишта во раштани.. по наредбса на јавното обвинителство, починатите ќе бидат погребани.
Зоран Јаневски

Додади коментар